1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаШри Ланка

Во слободен пад

СН/дв
15 мај 2024

Скокањето од облакодер висок стотици метри звучи застрашувачки - но за овој бејс скокач во Шри Ланка сето изгледа прилично опуштено.

https://p.dw.com/p/4frLE
Скок од кулата Лотус во Коломбо, Шри Ланка
Скок од кулата Лотус во Коломбо, Шри ЛанкаФотографија: Dinuka Liyanawatte/REUTERS

Овој спорт е хорор замисла за многумина: кај бејс скокањето во прв план е возбудата и напливот на адреналин од слободното паѓање кога ќе се скокне од висока зграда. Се разбира со падобран - затоа што конечно треба да се преживее тој скок. Овој бејс скокач во главниот град на Шри Ланка Коломбо веќе е толку искусен што изгледа сосема опуштено откако скокна од кулата Лотус висока 351 метар.